SAFI „Во сигурни раце“

SAFI е основана во 1963 година, и има неспоредливо искуство во управување на корозивни и абразивни хемикалии со термопластични материјали во најразлични индустриски примени.

Направени да траат...

SAFI нуди доверливи вентили кои работат без проблеми во текот на својот работен век.
Нашиот избор на полимерни материјали и самиот дизајновозможуваат нашите вентили да работат долги години без потреба од оддржување.


Реални решенија за корозивни флуиди!

Зошто SAFI термопластични вентили? “Постави и заборави”

Ние ја разбираме важноста на доверливи производи и веруваме дека термопластичните вентили се врвно  решение за корозија:
  • Одлична отпорност на корозија и за најагресивните  хемикалии
  • Поевтино решение од иноксни изведби
  • Мала тежина
  • Робустна конструкција


Опрема со врвен квалитет во согласност со најстрогите Европски стандарди.

АСОРТИМАН

Замена на Металните Вентили со Термопластични Вентили

Во многу производни процеси каде работниот притисок е помал од 16 bar и работната температура на флуидот е под 120 C се употребуваат скапи метални вентили, каде пластичните вентили би одиграле многу подоверлива улога:
 
  • металните вентили може да се заменат со пластични вентили за соодветните вредности на притисок и темпераура;
  • кога корозијата на металните вентили е постојана и кога опремата е подложна на абразија;
  • иноксните вентили се отпорни на корозија, но ќе ве чината и 10 пати повеќе од термопластичните.

Замена на вентили со заштитен премаз или гума

Во индустријата вообичаено е да се користат вентили обложени со PTFE или со еластомер. Овој тип на вентили имаат предност зошто издржуваат високи притисоци и температура бидејќи телото е од метал, и истовремено се отпорни на хемиска и корозивна агресија од внатре.
Но...

Проблем 1

Обложените вентили се 2 до 3 пати поскапи од термопластичните

Проблем 2

Обложените вентили не се отпорни на надворешна корозија

Проблем 3

PTFE обложените вентили страдаат и до 100 пати повеќе од PVDF вентилите

Проблем 4

PTFE не е флексибилен поради потребата од цврстина и затегнатост, поради што пука.

Проблем 5

Еластомерните облоги еродираат зошто нивната намена е заштита на металот .

Проблем 6

Кога PTFE и еластомерот се оштетени, корозијата го напаѓа металот и го пробива вентилот

РЕШЕНИЕ: Високо Доверливи и Сигурни Вентили

  • Висока отпорност на хемиски и абразивни флуиди

  • Долготраен работен век, 40+ години

  • UV отпорни

  • Екстремна механичка отпорност