6Сигма е методологија за подобрување на ефикасноста и ефективноста на било што правиме

  • 6Сигма помага во намалување (или целосно елиминирање) на непотребното, и додава вредност на активностите во процесот, значи – намалување на  потребното време и трошењето на ресурси.
  • 6Сигма ни помага да го подобриме квалитетот на нашите производи и услуги со користење на специјален сет на алатки и методи за откривање, докажување и елиминирање на причините за варијација на квалитетот.

Овој двоен пристап овозможува континуирано подобрување и гради основа за успешен управувачки систем со предвидлив деловен раст во иднината.

Кои се придобивките на 6Сигма?

  • Подобрување на квалитетот
  • Намалување на оперативните трошоци
  • Намалување на грешките
  • Подобрено искористување на времето
  • Подобрување на квалитетот, Клиент/Вработен
  • Подобрена конкурентна предност