Обуки / Сертификации

АНАЛИЗА НА ВИБРАЦИИ НА ВРТЛИВИ МАШИНИ ИЛИ КАКО ДА ГО НАУЧАМ ЈАЗИКОТ НА МАШИНАТА?

Во денешно време Проактивното одржување (Pro-active Maintenance) се смета за чекор напред во дефинирање на стратегијата за одржување во модерното индустриско производство.

Еден од основните столбови во предиктивното одржување (Predictive Maintenance), е мерењето на вибрации и следењето на динамичката состојба со цел да се согледаат сите неправилности во работењето на машините и навремено да се планираат сите понатамошни активности за ефективно отстранување непланираните застои во вашето производство.

Обуката е наменета за сите оние кои имаат основно познавање за вибро-дијагностика, луѓето кои работат и собираат податоци со преносни инструменти за вибрации и оние кои сакаат да влезот во светот на анализата на вибрации и пратење на динамичката состојба на машината.

Обуката е чекор напред за нови аналитичари на вибрации со правилно користење и рано откривање на разни проблеми и потенцијални дефекти кај вртливите машини.

Основната теорија на вибраци е презентирана со цел на секој слушател да му се објасни релацијата на вибраци во однос на динамичката состојба на машината, пропратена со практична демонстрација и примери од секојдневните техники за собирање и анализа на податоци.

RE Обука 00 - RE-ReSES.net платформа со Viewer пристап

  • Основи на CBM (Condition Based Maintenance) и CM (Condition Monitoring) 
  • Принципиелно работење со програмската апликација 
  • Управување со CM информацијата за машините во апликацијата
Цел на обукатаВреметраењеСлушатели
Цел на обуката е да се научи како да се користи платформата ReSES.net во улога на Прегледувач (Viewer).On-line: 1 ден/6 часаГрупа од 5-7 слушатели:
Техничари, Оператори, Сменоводители, Менаџери за производство

RE Обука 01 - Вовед во Пратење на Состојбата

  • CBM (Condition Based Maintenance) и CM (Condition Monitoring)
  • Што претставува „вибрација“ - Амплитуда и фреквенција
  • Мерење и мерни единици
  • Сензори, акцелерометри и безконтактни сонди
  • Основна анализа на дефекти
Цел на обукатаВреметраењеСлушатели
Вовед во концептот за пратење на динамичката состојба на машинската апликација (СВМ и CM) преку основно објаснување што претставува анализа на вибрации.Оn-line: 1 ден/6 часаГрупа од 5-7 слушатели:
Тимот на одржување, Сменоводители, Менаџери за производство

RE Обука 02 - Анализа на Вибрации

  • CM програма и решавање на проблемите
  • Дефекти и симптоми
  • Статистички пристап
  • Споредбен пристап
  • TWF параметри
  • sE и rE graph Енвелопа и rE график.
Цел на обукатаВреметраењеСлушатели
Цел на обуката е да се научи како да се изврши анализа на вибрации за специфични машински апликации - напредна обука.On-line: 2 дена/12 часаГрупа од 5-7 слушатели:
Специјалисти за Вибро-дијагностика

Обуките се резултат на нашето долгогодишно искуство во индустријата кои ќе им овозможи на корисниците да добијат практично знаење за тоа како вибрациите може правилно да се користат за рано откривање на динамички проблеми кај вртливите машини.

Новите познавања ќе бидат вреден придонес кон вашата постоечката стратегија за одржување, или ќе биде солидна основа за започнување нова програма од сет на различни стратегии за одржување за различни групи на машини според нивото на критичност во производниот циклус.

Поддршка

Новости