social image

Подобрување на Продуктивноста на Критичните Индустриски Ресурси со Напредни Технологии и Решенија

  • ПРЕВЕНТИВНО

    РЕАКТИВНО

    ПРОАКТИВНО

    ПРЕДИКТИВНО

    “Time Based”

    “Operator Involvement & RCA”

    “Run to failure”

    “Condition Based”

  • Реактивно Одржување

    Run to failure

    - Машините работат додека не откажат
    - Поправката или корективното дејство се презема по настанување на дефектот
    - Традиционален и доминантен начин на одржување

    Многу големи индустриски компании се уште работат во овој режим на одржување.

    ПРЕДНОСТИ

    - Ниски директни трошоци
    - Помалку персонал е потребен
    - Соодветно за одредени машински апликации

    НЕДОСТАТОЦИ

    - Високи трошоци поради непланиран застој на производството
    - Зголемени трошоци за работна сила, особено ако е потребно прекувремено работно време
    - Трошоци поврзани со поправка или замена на опремата
    - Можни оштетувања и на друга опрема како резултат на примарното оштетување на опремата
    - Неефикасно користење на кадровски ресурси
    - Не ја поддржува вистинската дефиниција на Стратегијата за Одржување

  • Превентивно Одржување

    Чекор напред од реактивното во превентивата

    - Планираните активности за одржување се базираат на предефинирани временски интервали
    - Вклучува рутински задачи
    - Вклучува мерење на уреди склони кон деградација

    Корисно за примена на постари машини

    ПРЕДНОСТИ

    - Ефективно во многу капитално скапи процеси на производство.
    - Овозможува прилагодување на периодот/динамиката на одржувањето.
    - Продолжен работен век на опремата.
    - Заштеда на енергија.
    - Намалени дефекти на опремата и застои во производниот процес.

    НЕДОСТАТОЦИ

    - Се уште има појава на катастрофални застои.
    - Користи интензивно работна рака.
    - Активности и за непотребни поправки.
    - Случајно дефекти на опремата преку слаби практики за одржување.

  • Предиктивно Одржување

    Пратење на состојбата и анализа на податоците

    - Вклучува употреба на специјализирана опрема за следење на состојбата на машините
    - Овозможува проценка дали опремата ќе јави проблеми во одреден период
    - Овозможува планирање на активностите за одржување
    - Укажува на најдоброто време за извршување на поправките

    Резултатите укажуваат на сегашната и идната функционална способност

    ПРЕДНОСТИ

    - Продолжен работен век / доверливост на компонентата
    - Овозможува превентивни корективни активности
    - Намален број на непланирани застои во производството
    - Намалени трошоци за резервни делови и работна рака
    - Подобар квалитет на производот
    - Подобрена безбедност на вработените и на околината
    - Заштеда на енергија

    НЕДОСТАТОЦИ

    - Зголемени инвестиции за дијагностичка опрема
    - Зголемена зактивноти за обуката на вработените
    - Потенцијалите за заштеда не се видливи за раководството

  • Проактивно Одржување

    Operator involvement & RCA

    - Операторите прават превентивно одржување на машините на кои работат
    - Обучени лица за одржување ги обучуваат операторите
    - Тимот за одржување се движи од „противпожарниот“ кон режим на превенција и реинженеринг
    - Враќање во добра кондиција на опремата преку одржување со идентификација на слабостите на дизајнот и подобрување на истиот
    - Превентивна комуникација (производител / корисник)
    - Предвидливо (анализа на податоци и периодични дијагностички тестови)

  • Број #1 Цел: Зголемување на Доверливоста

    “Намалувањето на трошоците
    не ја подобрува доверливоста.

    Подобрената доверливост генерира намалување на трошоците.”

    -- Christer Idhammar, CEO Idcon.Inc

Производните постројки се соочуваат со притисок за зголемување на продуктивноста и профитабилноста на работењето кои се навидум во спротивност со реалноста за зголемување на трошоците за енергија и барањата за намалување на оперативните буџети.

Тоа е причината зошто CA2M деловниот модел оди подалеку од едноставна продажба на опрема:
  • Пакет на технологија, услуга и знаење со единствена цел за намалување на трошоците на работниот век на опремата, трошокот на инвентар, енергија и екологија.

Поставување на Проактивниот План на Вистинско Место

Со поставување на редовниот план за одржување и имајќи прецизни податоци за опремата, компаниите може да имплементираат „акционен план“ во случај на настанување на неочекуван проблем во производството.

Процесна Експертиза

Нудиме сеопфатен пристап со методолигија, алатки и технологии за проток на релевантните податоци како  дел од процесот на донесување одлуки - на ниво на опрема, работна единица или генерално, на ниво на цела производна постројка.
CA2M може да им помогне на клиентите да добијат поцелосен преглед на сите оперативни параметри:
  • Lean 6-Sigma Management

Човекот и Неговото Знаење

Стратегии на Оддржување
Дали производната постројка е во потрага да постигне ниво на ефикасност со стандардите во самиот индустрискиот сегмент или треба да се подигне ефикасноста на ниво на светска класа, CA2M може да помогне да се дефинира метриката и да се спроведат неопходните чекори за постигнување на одредени цели:
  • Следење на вибродинамичката состојба
  • Решенија за оддржување

Доверлива Технологија

Вкупна Цена на Чинење
Во пракса е покажано дека најмалку 80% од вкупната цена на чинење на индустриската опрема во работниот век (Life Cycle Cost), се акумулира по набавката и инсталацијата.
CA2M нуди сеопфатен пакет на услуги и решенија дизајнирани да им обезбеди на клиентите намалување на трошоците во текот на работниот век на опремата:
  • Концепт на Вкупна Цена на Чинење

Брендови