Henkel Адхезивни Решенија во Индустријата


  • Универзалните структурни лепаци на LOCTITE нудат неограничени можности.
    Тие се многу силни, повеќенаменски и издржливи за секоја намена.

  • За поправки без ограничувања. Кога времетo е од големо значење!

    Ништо не предизвикува поголемо чувство на гордост од машината која совршено работи.
    Но, ако дел од машината не функционира како што треба, секоја минута е важна. Секој миг потрошен за трагање по резервен дел или обид за поправка не е само механички предизвик туку и личен.

    LOCTITE универзалните структурни лепаци, кои се резултат на иновативна хибридна технологија, може да помогнат за обезбедување на непречено функционирање на машината со брзи, едноставни и трајни поправки.

  • LOCTITE HY 4060 GY

    Издржлив, 5 минутен структурен лепак за поправки

    - Кратко време на налегнување дури и при ниски температури, намалени трошоци за одржување.
    - Одлична способност за пополнување на зазор, одличен за универзални поправки.
    - Брзо зацврстување на многу материјали.
    - Може машински да се обработува на метали, намалени трошоци за заменски делови.
    - Многу добра хемиска отпорност и отпорност на растворувачи, доверлива поправка.
    - Различни бои на компонентите за рамномерно и правилно мешање.

  • LOCTITE HY 4070

    Неверојатно брз и универзален лепак за поправки.

    - Неверојатно брзо налегнување, намалено време на застој.
    - Одлична способност за пополнување на зазор, одличен за универзални поправки.
    - Брзо зацврстување на многу материјали, како метал, пластика, гума, дрво, хартија и кожа.
    - Производ во облик на гел со формула против протекување, останува таму каде што е ставен.
    - Добра отпорност на влага, температура, UV зрачење и хемиска отпорност, овозможува долготрајни и доверливи поправки.
    - Практично пакување во шприц со мешалка, веднаш спремен за користење.

  • Неограничени можности!
    Останатиот дел од оваа неверојатна приказна можете да ја видите на:


Проактивни производи и процеси за намалување на вашите трошоци за одржување

LOCTITE® превентивните процеси за одржување се поддржани со решенија од број 1 во светот производител на техничка хемија.

Тоа е ефективен начин да се избегне непланираниот дефект на индустриската опрема и да се продолжи работниот век на вашите технолошки ресурси.

Зошто да работите и соработувате со нас?

Со СА2М и HENKEL како ваш MRO партнер, можете да ги намалите или да ги одстраните многуте хронични и скапи дефекти и непланирани застои на вашата опрема со едноставна примена на техничката хемија од глобалниот лидер.

Нашата цел е заедно со вас да соработуваме на полето на континуирано подобрување на вашата програма за одржување.
Кој е нашиот допринос?

  • Знаење – обука од страна на највештиот тим за техничка хемија во светот. Никој не знае повеќе од LOCTITE® тимот за адхезивни и заптивни решенија!
  • Експертиза – нашето знаење и умеење со адхезивите и заптивните маси е насочено да ви овозможи поддршка во вашата индустрија со фокус на одстранување на причините на застој.
  • Искуство – повеќе од 65 години партнерство во поставување на индустриските стандарди за подобрување на производните процеси со цел - зголемување на доверливоста, намалување на трошоците и подобрување на безбедноста во вашето работење.
  • Алатки – најдобрите и докажани производи и решенија за заштеда од светскиот лидер во индустријата на техничка хемија.


Со комплетен асортиман на адхезиви за одржување, епоксиди за поправки, подмачкувачи, премази и заптивки, Henkel ќе го поправи и подобри скоро секој дел од вашата опрема.

СА2М и ХЕНКЕЛ ГИ Асортиман за Одржување, Поправки и Ремонти (MRO)

Издвојуваме...

Повеќе информација...