Вашиот експерт за индустриски лепаци, заптивни маси и функционални премази


LOCTITE е Хенкеловиот проверен бренд  на лепаци. заптивни маси и премази со високи перформанси за примена во индустрискиот инженеринг.
BONDERITE производите представуваат водечка технологија за подготовка на површини и процесни решенија создавајќо за вас конкурентна предност во индустриското производство.
TECHNOMELT е Хенкелов водечки бренд за т.н. hotmelt лепаци кои се направени да даваат најдобри резултати во производните процеси на нашите клиенти и нивните финални производи.
TEROSON е Хенкелов водечки бренд за лепење, заптивање, премачкување и засилување со примена во поправката и одржувањето во автомобилската индустрија.
  • Незаменлив!
    Професионален избор!

    LOCTITE 55

  • LOCTITE 7063

    Универзален чистач.

    Чисти, одмастува и подготвува површини за лепење.

    Одстранува масти, масла, мазива и метални струготини од сите површини.

  • Силиконска самоналегнувачка лента, без потреба од подготовка на подлогата.
    Отпорна на вода, нафтени деривати, масла, киселини, UV зрачење.
    Може да се користи на влажни, валкани и масни површини.
    Може да се користи како изолација на електрични водови, до 158 kV/cm напонска пробојност.
    Може да се користи за бандажирање на цевки под притисок.

    LOCTITE 5075

Забелешка:

Прикажан е само дел од асортиманот на HENKEL GI.
За секој производ постои линк до официјалната интернет страница на HENKEL Loctite од каде можете да ги симнете TDS и MSDS документите.
Многу повеќе можете да најдете на: http://www.loctite.mk/, или контактирајте го експертскиот тим на СА2М.

Loctite® производи за одржување на машини и опрема

Производи - loctite

Подреди по  
Ново
LOCTITE®  HY 4090

LOCTITE® HY 4090

Универзален хибриден лепак

Loctite® 222

Loctite® 222

Осигурување на навои - Ниска цврстина

Loctite® 243

Loctite® 243

Осигурување на навои - Средна цврстина

Loctite® 2701

Loctite® 2701

Осигурување на навои - Висока цврстина

Loctite® 290

Loctite® 290

Осигурување на веќе монтирани навои - Капиларни Својства

Loctite® 3430

Loctite® 3430

​Двокомпонентен епоксиден лепак за општа намена

Популарно
Loctite® 3463

Loctite® 3463

Metal Magic Steel - Метал стик за гмечење

Loctite® 3471

Loctite® 3471

Двокомпонентен епоксид - општа намена

Loctite® 3474

Loctite® 3474

Двокомпонентен епоксид - отпорен на абење

Зошто да користите LOCTITE производи за осигурување на навојни споеви?

LOCTITE производите за осигурување на навојни споеви спречуваат самопопуштање и го обезбедуваат навојниот спој од вибрации и оптоварување. Тоа се течности со низок вискозитет кои во потполност ги пополнуваат зазорите помеѓу спарените навои, истовремено ја елиминираат и нагризувачката корозија која ја создава склопот.

Зошто да користите LOCTITE смеси наполнети со метал?

LOCTITE течните метали се смеси наполнети со метал и се нудат како решение за санирање на проблеми настанати со механички оштетувања, вклучувајќи пукнатини во куќиштата, изабени жлебови во осовините и прстените, оштетени цилиндрични делови и др. LOCTITE течните метали се користат за поправка и обнова на оштетените делови без потреба за загревање или заварување, штедат време и се многу поевтина алтернатива на традиционалните методи, лесно се применливи и даваат подобра отпорност на притисок со дополнително заштитно дејство.

Зошто да користите LOCTITE лепаци за инстант лепење?

Цијаноакрилатите се лепаци за моментно лепење кои зацврстуваат многу брзо кога се нанесени помеѓу површините. Влажноста на подлогата ја придвижува реакцијата на зацврстување која се развива од површината кон средината на лепениот слој. Цијаноакрилатите се погодни за лепење на мали површини и зацврстнуваат многу брзо. Пополнуваат многу мали зазори и поради тоа побаруваат точно подесени делови. Нивното налегнување на повеќето подлоги е одлично а и отпорноста на смолкнување е многу добра. Не би требало да се користат на калено стакло или полирана ќерамика, но може да се употребуваат на GRP пластика.

Зошто да користите LOCTITE производи за рамно заптивање?

Заптивките се користат за создавање на непропусни препреки за да се спречи протекување на течностите или гасовите. За успешно заптивање на рамни површини неопходно е заптивката да остане цела во текот на работниот век, мора да биде отпорна на течности и/или гасови, мора да биде температурно стабилна и да ги издржи притисоците на кои е изложена. LOCTITE  производите за рамно заптивање се самоформирачки заптивки кои обезбедуваат совршено заптивање на компонентите, со максимален директен контакт со површината со елиминирање на корозијата на површината на прирабницата. Веднаш по монтажата се формира заптивка која е отпорна на ниски притисоци и во целост ќе зацврсти во рок од 24 часа создавајќи спој кој нема да се собира, пука или да попушти.

Зошто LOCTITE маси за прицврстување на цилиндрични делови?

LOCTITE производите за прицврстување ги осигуруваат лежиштата и останатите цилиндрични делови во куќиштата или на осовините. Тие постигнуваат способност на максимален пренос на оптоварување и единствена распределба на напонот. Се применуваат во течна состојба, остваруваат 100% контакт помеѓу спарените метални површини, елиминирајќи ја потребата за скапи заменски делови, долготрајна машинска обработка или употреба на механички методи. LOCTITE производите за зацврстување го пополнуваат зазорот помеѓу компонентите и зацврстнуваат во цврст прецизен склоп.

Зошто да користе LOCTITE производи за чистење?

LOCTITE производите за чистење и одмастување се многу ефикасни каде главен фактор за избор е времето на сушење, остаток, мирис и компатибилност со подлогата. Остатокот е особено важен ако постои било кој друг процес, на пример фарбање или лепење, остатокот може да го наруши тиј процес. Компатибилноста со подлогата е значајна кога станува збор за пластика.
LOCTITE прајмерите се користат за подобрување на адхезијата на подлогата и се нанесуваат пред нанесување на лепакот. За пластични подлоги (полиолефин, ПП, ПЕ) најдобро прилегнување ќе се оствари со LOCTITE 770.
LOCTITE активаторите се користат за забрзување на процесот на лепење и се додават пред лепаците а може и после нанесувањето за зацврстување на остатокот од лепакот.

Зошто да користите LOCTITE производи за подмачкување?

LOCTITE производите за подмачкување нудат извонредна заштита на индустриските постројки и опрема. Широкиот асортиман опфаќа органски, минерални и синтетички производи исполнувајќи ги специфичните барања на индустриска примена.

LOCTITE Anti-Seize производи

LOCTITE Anti-Seize производите овозможуваат заштита во груби околини и работни услови, како на пример изложеност на екстремно високи или ниски температури и/или агресивна корозија. Истите спречуваат стругање и галванска корозија и може да бидат употребени како вградливи производи за подмачкување на нова опрема.