ALFA LAVAL Топлински изменувачи со различни типови на плочи, рамки и заптивање


Плочестите топлински изменувачи со различни типови на заптивки овозможуваат ефикасен пренос на топлина во компактен формат со мала основа.
Изменувачите имаат флексибилен дизајн и се едноставни и лесни за управување и сервисирање.
Асортиманот е огромен со намена за греење, ладење, искористување на отпадна топлина, испарување и кондензација во различни индустриски сегменти почнувајќи од HVAC, замрзнување, машинско ладење, млечна индустрија и прехрана, до тешка индустрија како хемијската, нафтената, енергетиката...

AlfaCond

Alfa Laval AlfaCond се специјално дизајнирани за кондензирање на пареа во вакум.
Овие плочести кондензатори се идеални за апликации како вакум кондензатори во системи со пареа, како етанол кондензатори во производството на биогорива, во шеќераните како панелни кондензатори за пареа, и како турбински кондензатори во мали централи.

Со својот компактен дизајн, AlfaCond е идеален за ситуациии каде просторот е критичен.

Превземете брошура:

AlfaQ

Alfa Laval AlfaQ™ топлинските изменувачи се користат во HVAC апликации во реонските подстаници, системите за замрзнување, ИТ серверските станици, системите за просто ладење.
Асортиманот е сертифициран според AHRI Liquid to Liquid Heat Exchangers (LLHE) Certification Program која гарантира топлински перформанси според публикуваните спецификации на производителите.
AHRI сертификацијата е единствената глобална и независна групација за сертифицирање на топлинските изменувачи

Превземете брошура:

AlfaVap

Полу-заварените топлински изменувачи на Алфа Лавал АлфаВап се изработени по нарачка и се погодни кога концентрацијата и вискозитетот на флуидите / медиумите се високи.
Типични апликации за AlfaVap се системи за испарување при рафинација во шеќераните, системи за испарување на засладувачи, биоетанол и испарување на сода.
Исто така е погоден како термосифонски бојлер.

Неговиот компактен дизајн го прави идеален за инсталирање на виоки нивоа.


Превземете брошура:

BaseLine

Alfa Laval BaseLine е асортиман на топлински изменувачи кој се користи во млечни индустрија, прехрана, пијалоци и други хигиенски апликации.
Alfa Laval BaseLine е конкурентен избор за хигиенски процеси и апликации и за комунални услуги.
За најспецифичните хигиенски апликации, асортиманот на Alfa Laval FrontLine е најпосакуван избор.


Превземете брошура:

ClipLine

Alfa Laval ClipLine асортиманот се користи во истите хигиенски апликации како и FrontLine, но ClipLine се користи за помали задачи.
ClipLine и FrontLine се врвни видови на изменувачи на топлина кои се користат во млечната индустриј, прехрана, производство на пијалоци и други хигиенски апликации кои побаруваат специфичен третман на продуктот, многу долг работен век и супериорна чистина.

Превземете брошура:

 

Diabon

Alfa Lavab Diabon® изменувачите на топлина се користат за силни корозивни медиуми.
Овој асортиман на разменувачи на топлина го комбинира знаењето на Alfa Laval во пренос на топлина со експертиза на SGL Carbon во Германија за избработка на графитна процесна опрема.
Алфа Лавал Diabon® ги комбинира високата ефикасност при преносот на топлина и исклучителната отпорност на корозија на графитниот материјал.

Превземете брошура:

FrontLine

Alfa Laval FrontLine е врвен асортиман на изменувачи на топлина кои се користат во млечната индустрија, прехрана, производство на пијалаци и други хигиенски апликации кои бараат детален третман на продуктот, многу долг работен век и супериорна чистина.
Споредено со Alfa Laval BaseLine асортиманот, кој исто така се користи за хигиенски апликации, FronLine асортиманот ги задоволува највисоките барања за хигиенска контрола и е супериорен избор за медиумите кои се осетливи на топлина.
FrontLine има флексибилен дизајн и лесно може да се обнови.


Превземете брошура:

Industrial line

Alfa Laval Industrial line е исклучително широк асортиман на изменувачи кои се користат во сите видови индустрии.
Бројот на достапни опции со различни големини, плочи и заптивни материјали е огромен.
Секој детаљ е внимателно дизајниран за да обезбеди оптимални перформанси, максимален работен век и лесно и едноставно одржување.


Превземете брошура:

Industrial semi-welded

Alfa Laval Industrial semi-welded асортиманот се користи кога заптивањето не  е погодно за процесниот медиум.
Исто така, полу-заварената линија на изменувачи може да има повисоко дизајниран притисок во споредба со изменувачите на топлина со заптивки.

Превземи брошура:

M line

Асортиманот на Alfa Laval M line се користи во истите хигиенски апликации како и BaseLine, но M line се избира кога е потребен поголем дизајниран притисок или кога се потребни дополнителни долги плочи.
M линија и BaseLine се разменувачи на топлина кои се користат во млечни производи, храна, пијалаци и други хигиенски апликации.
Тие се конкурентни избори за хигиенски процеси и апликации за комунални услуги.

Превземете брошура:

WideGap

Alfa Laval WideGap топлински изменувачи се погодни за апликации каде флуидите содржат влакна и за течности кои со крупни честички.
Типични апликации за Alfa Laval WideGap изменувачите се шеќераните, биоетанол и процеси на пулпа и хартија.
Во зависност од апликацијата, WideGap изменувачите може да се конфигурираат со широки-широки канали или широки-тесни канали. Ова ги прави единиците погодни за греење, ладење и разменување.


Превземете брошура: