ALFA LAVAL Центрифугални Сепаратори

Декантери

Алфа Лавал декантерите обезбедуваат извонредни перформанси при одвојување на цврсти материи од една или две течни фази во еден континуиран процес. Единиците се дизајнирани да работат со широк спектар на честички со дијаметри од 5 mm до неколку микрони. Со нивната висока ефикасност, континуирано работење, низок капитален сооднос трошоци / капацитет, ниските трошоци за одржување и малата потрошувачка на енергија, декантерите се идеални за употреба во широк ранг на апликации вклучувајќи процесна индустрија, прехрана и отпадни апликации.

 

Сепаратори

Сепараторите издвојуваат течности, цврсти материи и гасови со извонредна прецизност и ниски трошоци за работа, на база на докажана технологија со реноме за сигурност и доверливост во работењето во индустрии како што се прехранбената, фармација, хемиската, нафтената и третирање на отпадните води.